Search

Претпладне сончево, попладне локален дожд

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, попладне со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 30 до 38 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 20 до 35 степени.

И утре во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално во источните делови ќе има услови за појава на поинтензивни процеси во форма на невреме. Дневните температури во петок ќе се намалат за неколку степени.

Потоа од сабота до вторник следува период на сончево, стабилно и повторно многу топло време.

Треба да знаете
Последни објави