Search

Претпладне облачно, попладне сонце и температура до 14 степени

Времето претпладнево е умерено до значително облачно, а попладне ќе биде претежно сончево, информираат од УХМР.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повaрарието. Максималната температура ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Треба да знаете
Последни објави