Search

Претерувањето со Вијагра го оштетува видот

Британец зел 10 пати силденафил повеќе од вообичаено, па завршил со „дупка” во видот и преголема чувствителност на светлина. Станува збор за активна состојка на Вијаграта, а мажот испил цело шишенце апчиња одеднаш, пишува „Дејли Меил”.

Кусо по ризичниот „потфат”, тој забележал дека е премногу чувствителен на посилна светлина и дека не може да гледа при намалено осветлување, како и кругови коишто му се јавувале пред очи.

Докторите потоа утврдиле дека има оштетување на мрежницата. За жал, ова може да се покаже неизлечиво.

Истражувањата покажуваат дека дури и двојната доза Вијагра, повеќе од препорачаната, може да предизвика оштетувања на видот.

Треба да знаете
Последни објави