Search

Претепан обезбедувач во казино

Обезбедувач во скопско казино бил нападнат од неколку лица, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 4.10 часот во казино на булеварот Кузман Јосифовски Питу. Тогаш Е.Р.(38) од Скопје, вработен во Агенција за обезбедување бил физички нападнат од страна на неколку машки лица.

Причина за нападот е тоа што Е.Р. им укажал на лицата да го напуштат објектот бидејќи треба да се затвора, но истите одбиле. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Треба да знаете
Последни објави