Search

Прес-центарот на ЦИВИЛ ќе биде отворен 18 часа непрекинато

ЦИВИЛ ќе го отвори својот изборен прес-центар во 6 часот изутрина на 21 април (недела) во клуб „Менада“ (Стара чаршија, спроти Универзитетот ЈИЕ). Прес-центарот ќе биде отворен до полноќ.

Прес-центарот на ЦИВИЛ ќе прима извештаи од теренот, како и пријави за нерегуларности од граѓанките и граѓаните. Претставниците на ЦИВИЛ ќе бидат на располагање на медиумите во текот на целиот ден и вечерта. Прес-конференции со извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ на терен, ќе се организираат во 10, 12:30, 17:45 и 19:30 часот. ЦИВИЛ ќе одржи и две панел-дискусии во 20 часот и во 21:30 часот, со учество на членови на координативниот тим на ЦИВИЛ, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, правната експертка Сандра Гавриловска и други реномирани имиња.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да доставуваат пријави, информации или да поставуваат прашања на онлајн формуларот www.slobodniizbori.info, Фејсбук или по електронска пошта (civil@civil.org.mk) во секое време од денот и ноќта. Координативниот тим на ЦИВИЛ ќе се обиде да одговори на сите прашања или ќе ги објавува информациите кои ќе пристигнат на адреса на организацијата и сега и за време на денот на гласањето.
Исто така, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека објавува информации и извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и други информации важни за граѓанките и граѓаните на веб-страниците www.civilmedia.mk на македонски и www.drejt.mk на албански јазик. Дополнително, ЦИВИЛ објавува содржини и на веб-страницата www.civil.today на англиски јазик, како и на организациската веб-страница www.civil.org.mk.

Треба да знаете
Последни објави