Search

Прес-центарот на ЦИВИЛ на денот на изборите ќе биде отворен 18 часа

Центарот за мир ЦИВИЛ својот Изборен прес-центар на денот на изборите- 21 април ќе го отвори во 6:00 часот во клуб „Менада” (Стара Чаршија, спроти Универзитетот ЈИЕ) и ќе биде отворен до полноќ.

Прес-центарот на ЦИВИЛ ќе прима извештаи од теренот, како и пријави за нерегуларности од граѓаните.

Од ЦИВИЛ информираат дека нивните претставници ќе бидат на располагање на медиумите во текот на целиот ден и вечерта. Прес-конференции со извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ на терен, ќе се организираат во 10, 12:30, 17:45 и 19:30 часот. ЦИВИЛ ќе одржи и две панел дискусии во 20 часот и во 21:30 часот, со учество на членови на Координативниот тим на ЦИВИЛ, политичкиот аналитичар Сашо Орданоски, правната експертка Сандра Гавриловска и други реномирани имиња.

-ЦИВИЛ ги повикува сите граѓани да доставуваат пријави, информации или да поставуваат прашања на онлајн формуларот www.slobodniizbori.infoФејсбук или по електронска пошта civil@civil.org.mk во секое време од денот и ноќта. Координативниот тим на ЦИВИЛ ќе се обиде да одговори на сите прашања или ќе ги објавува информациите кои ќе пристигнат на адреса на организацијата и сега и за време на денот на гласањето, соопштуваат од ЦИВИЛ.

Исто така, ЦИВИЛ ја информира јавноста дека објавува информации и извештаи од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и други информации важни за граѓанките и граѓаните на веб страниците www.civilmedia.mk на македонски и www.drejt.mk на албански јазик. Дополнително, ЦИВИЛ објавува содржини и на веб страницата www.civil.today на англиски јазик, како и на организациската веб страница www.civil.org.mk

Треба да знаете
Последни објави