Search

Престрелка со „калашникови“ во Александар Палас, пукал и полицаец

Најмалку едно лице е повредено во престрелка која се случила половина чс по полноќ во хотел „Александар Палас“, дознава Алсат телевизија.

-Додека во ресторанот седеле 5 машки лица, од страна на 5 други машки лица вооружени со огнено оружје, најверојатно автоматски пушки и пиштоли, со црни или црвени фантомки на главата, излегувајќи од возило отвориле оган према ресторанот, а тројца од сторителите влегле во хотелот извикувајќи „полиција, полиција“ и испукале рафали према ресторанот, по што го напуштиле местото. Во моментот кога пукале во ресторанот, едно лице (полицаец) го употребил својот службен пиштол и испукал околу 11 проектили во правец према сторителите извикувајќи дека тој е полиција, објави Алсат.

 

Треба да знаете
Последни објави