Search

Престрелка на Бит Пазар, има и повредени

Престрелка со повредени е случила пред десетина минути на Бит Пазар, дознава 24 Инфо.

Според очевидци, престрелката се случила на улицата која го одвојува пазарот, а куршуми летале на сите страни околу тезгите.

Пукањето траело кратко, а набрзо дошле возила на Итната помош со која биле однесени во болница повредените.

Од МВР засега нема информации за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави