Search

Престојот во природа почна да се препишува како лек

Одамна се знае дека природата е најдобриот психијатар, но сега тоа го потврдија и лекарите во Шкотска, кои во иднина ќе имаат право на своите пациенти да им препишат престој во природа како лек.

Имено, доктори ќе ја тестираат првата програма од ваков вид , со цел намалување на анксиозноста и на високиот крвен притисок на ниво на целото население. Природата, исто така, треба да им помогне и на оние кои страдаат од дијабетес, ментална болест, стрес и срцеви заболувања.

Всушност, се препишуваат голем број активности кои треба да им помогнат на пациентите, па од уметност на плажа, преку собирање природни материјали и шетање куче во природа, како и правење живеалишта за инсекти, пациентите ќе имаат полни раце работа.

Неколку студии покажаа дека 90 минути дневно минати во природата ја зголемуваат активноста на мозокот и ја намалуваат депресијата. Покрај тоа, се регулира крвниот притисок, а се јакне и имунолошкиот систем.

Треба да знаете
Последни објави