Search

Престана истекувањето гас од „Северен тек 2″

 Од гасоводот „Северен тек 2″ во Балтичкото Море се чини престана да истекува гас, соопштги данската енергетска агенција „Енергистирелсен”. Агенцијата на Твитер објави дека компанијата која управува со гасоводот „Северен тек 2″ ја информирала дека притисокот во гасоводот се чини дека е стабилизиран. „Ова укажува дека истекувањето на гас престанало”, објави агенцијата. -Или гасоводот е целосно празен или притисокот на гасот во гасоводот и водата надвор од него се во рамнотежа, изјави портпаролот на агенцијата Улрих Лисек.

Треба да знаете
Последни објави