Search

Пресретнато писмо бомба адресирано до шпанскиот премиер

Шпанската полиција пресретнала коверт со пиротехнички материјал адресиран до премиерот Педро Санчез во палатата Монклоа во Мадрид, јави денеска шпанскиот весник „Ел Паис”.

Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека станува збор за коверт сличен на оние што вчера и денеска беа откриени во Министерството за одбрана, украинската Амбасада, Сарагоса и воздухопловната база Торехон.

Писмо-бомба пристигнала во воздухопловната база Торехон рано утринава и истрагата е во тек.

Експлозивна направа во Сарагоса била откриена синоќа во фабрика за оружје која произведува фрлачи на гранати што Шпанија ги испратила во Украина. Полицијата извршила контролирана експлозија на пакетот.

Треба да знаете
Последни објави