Search

Пресечена водоводната цевка со пила, цело село без вода

Месната заедница Кушиќи во Општина Ивањица, Србија неколку дена била без вода бидејќи, како што се сомневаат, некој намерно ја пресекол главната водоводна цевка со пила односно бонсек.

Од каприц или од лична одмазда, непознато лице на 35 степени ги оставило без вода децата во училиште, туристите во хотелот и сите жители на оваа месна заедница.

Локалната самоуправа и комуналното претпријатие од Ивањица дошле на помош, лоцирано е „местото на злосторството“, цевката е споена, а во меѓувреме жителите добиле цистерни со вода за пиење.

Полицијата излегла на терен за да го испита случајот.

Треба да знаете
Последни објави