Search

Пресврт на Лацио за убедлив триумф над Јувентус

Лацио по пресврт го победи Јувентус, 3:1, кој го доживеа првиот пораз сезонава во дербито од 15. коло во Серија А, натпревар кој во комплетна смисла на зборот го оправда епитетот.

На Олимпико видовме три убави гола, пенал и црвен картон.

Јувентус имаше подобро отворање на мечот и по две пропуштени шанси Дибала, Бентанкур и Роналдо имаа одлична акција, која Португалецот ја заврши за водство од 0-1. Лацио изедначи во судиското надополнување преку Луиз Фелипе, за 1:1 на полувремето.

Имаше шанса за ново водство Јувентус во 66. Минута, но не ја искористи, а три минути подоцна останаа без играч по црвениот картон за Квадрада.

Пресвртот Лацио го најави во 75. минута со погодок на Милинковиќ-Савиќ.

Следеше пенал за Лацио (79.м) кој Имобиле не го реализираше, а потоа стигна финалната казна, односно во петтата минута од судиското продолжение, Каикедо, кој влезе во игра го постигна победничкиот погодок.

Поразот на Јувентус не го искористи Интер, кој остана прв на табелата со два бода предност над Јувентус, но предноста можеше да биде поголема бидејќи тимот од Милано ремизираше во дербито со Рома.

Треба да знаете
Последни објави