Search

Препорака до банките да ги исплатат пензиите од 28 март

Владата им препорача на деловните банки порано да обезбедат исплата на пензии односно од 28-ми март.

– Вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска се обрати до Македонската банкарска асоцијација со барање поради вонредната состојба  со коронавирусот, банките да овозможат исплата на пензиите во пет групи  на пензионери според износот на пензија по работни денови од 25 март до 31 март 2020 година. По добиеното известување од Македонската банкарска асоцијација, Кабинетот на вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори, предложи, а Владата прифати да им се препорача на деловните банки да обезбедат исплата на пензии од 28-ми март, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Треба да знаете
Последни објави