Search

Преостанатите реванши во ЛШ нема да се играат на неутрални терени

Преостанатите реванши од осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони нема да биде префрлен на неутрални стадиони, тврди шпански „АС”. Претходно беше одлучено четвртфиналето, полуфиналето и финалето да се играат во Лисабон во формат „Финални осум” од 12 до 23 август.

Сепак, прашањето за одигрување на четири натпревари возвратни натпревари од осминафиналната фаза останува отворено.

Во моментов, во оваа фаза останува да се одржат средбите: Јувентус – Лион, Манчестер сити – Реал Мадрид, Баерн – Челзи и Барселона – Наполи.

УЕФА објави дека средбите ќе се одржат на 7 и 8 август, но сè уште не го објавиле местото.

„АС” известува дека в петок ќе има официјална потврда дека домаќините ќе ги примаат гости на своите стадиони.

Треба да знаете
Последни објави