Search

Премиерот Рама в понеделник на средба со канцеларката Меркел

Албанскиот прмиер Еди Рама в понеделник (27 јануари)  ќе има средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Во фокусот на разговорот ќе биде помошта што коже да ја даде Германија за санирање на штетата од разорниот земјотрес што ја погоди Албанија утрото на 26 ноември минатата година.

Премиерот Рама, средбата со Меркел ја најави по неформалната средба во Рим, пред два дена, со шефот на италијанската дипломатија Луиџи Ди Мајо.

Како што изјави Рама добил ветување за подршка на Италија на меѓународната донаторска конференција за Албанија, што ќе се одржи на 17 идниот месец во Брисел, под раководство на претседателката на ЕК, Урсула ван дер Лејен.

Додаде дека досега проценетата штета од земјотресот е околу милјарда евра.

Според Топ чанел, друга тема на дискусија на средбата Рама-Меркел во Берлин, ќе биде ротирачкото претседателство на Албанија со ОБСЕ, билатералните односи, ситуацијата во регионот и европската перспектива на западен Балкан.

-Ангела Меркел и Германија се ангажирани за што поскоро да започнат преговорите на ЕУ со Албанија и Северна Македонија,наведува телевизјата.

Треба да знаете
Последни објави