Search

Премиерот на Франција е нов градоначалник на Авр

Францускиот премиер Едуард Филип прогласи победа на денешните локални избори на кои се кандидираше за градоначалник на Авра. Филип освои 58,8 проценти од гласовите на изборите за градоначалник на Авр, јави телевизијата ТФ1.

Британската агенција наведува дека според францускиот устав, Филип има надлежност додека тој е на позицијата премиер, да го назначи заменик-градоначалник на Авра, кој би управувал со тој град додека е премиер.

Ројтерс, сепак, забележува дека победата на Филип сигурно ќе доведе до прашања во врска со можните прераспределби во француската влада.

Треба да знаете
Последни објави