Search

Премиерот на Украина поднесе оставка

Премиерот на Украина, Олексиј Хончарук поднесе оставка денеска, јавува Ројтерс. Од кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски соопштуваат дека ќе го разгледаат писмото со оставката на премиерот.

„Бев во позиција да ја исполнувам програмата на претседателот. Тој за мене е пример на отвoреност и демократија“, наведува Хончарук во објавата на социјалната мрежа Фејсбук.

„Меѓутоа, за да избегнам какви било сомнежи во врска со почитувањето и довербата во претседателот, напишав писмо со оставка и му го предадов, со право да го поднесе во парламентот“, појасни Хончарук.

Треба да знаете
Последни објави