Search

Премиерот на Словенија поднесе оставка и побара вонредни избори

Премиерот на Словенија, Марјан Шарец поднесе оставка и побара вонредни избори.

Шарец истакна дека со малцинската коалиција не може да постигне се тоа што планира да го направи и побара вонредни избори.

– Со ваква коалиција и со ваква ситуација во Парламентот не можам да ги исполнам очекувањата на граѓаните. Ќе бидам во можност да го направам тоа по изборите, истакна Шарец на прес-конференција.

Тој додаде дека неговата малцинска Влада не може да ги усвои важните закони.

Претходно, словенечкиот министер за финансии Андреј Бертонцељ поднесе оставка. Според словенечката новинска агенција СТА, најверојатно причина за оставката е несогласувањето со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.

Треба да знаете
Последни објави