Search

Премиерот на Луксембург го повика Џонсон да не ја обвинува ЕУ за хаосот со Брегзит

Премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел го повика британскиот премиер Борис Џонсон да не ја обвинува Европската унија за хаосот што е создаден заради Брегзит, додека Џонсон, кого демонстрантите го исфрикаа, по средбата не им се обрати на новинарите, туку за британската телевизија порача дека ЕУ треба да се придвижи.

-Времето минува, престанете да зворувате, и работете, рече Бетел.

„Нити Комисијата, нити 27-ната во ниту еден момент нема да преземат одговорност за хаосот во кој се наоѓаме, додаде Бетел на прес конеференцијата во Луксембург на која Џонсон не присуствуваше.

Британскиот премиер, кој вчера претходно беше на ручек со претседателот на ЕК, Жан Клод-Јункер, на средбата со Бетел  беше пречекан со свирежи од десетици лица и веројатно од тие причини не се обрати по завршувањето на средбата.

Луксембуршкиот премиер потврди дека Џонсон не понудил конкретен предлог, како што претходно со жалење истакна Европската комисија. 

-Не можеме од политички причини историјата да ја направиме заложник, рече Бетел и ја истакна тенката можност за одложување на Брегзит, на што Џонсон се противи и инсистира на излез на 31 октомври со спогодба или без неа.

-Одложувањето е опција само ако има цел, рече Бетел и додаде дека неизвесноста е „кошмар” и за европските и за британските граѓани.

Во изјава за британска телевизија по средбата Џонсон оцени дека постојат „големи шанси за постигнување договор, но дека ЕУ мора да се придвижи”.

Треба да знаете
Последни објави