Search

Заев на средба со Јоханес Хан: Очекуваме од јуни Република Северна Македонија ќе почне да испишува европска иднина

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев во рамки на еднодневната посета на Брисел се сретна и со Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан.

Истакнувајќи дека 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и асоцијација се одржа во исклучително значаен период за Република Северна Македонија, на средбата премиерот Заев потенцираше дека единствената алтернатива за нашата земја е членство во Европската Унија. Премиерот Заев искажа верување дека за само неколку месеци, Северна Македонија ќе почне да испишува нова, европска иднина.

На средбата, евро-комесарот Хан го охрабри премиерот Заев да продолжат реформите во земјата. Беше искажана и поддршка за дијалог, како и учество на сите политички партии во носењето одлуките коишто се од интерес на Република Северна Македонија.

Премиерот Заев на денешната средба со Хан потенцираше дека очекува за околу еден месец да се одржат успешни и кристално чисти претседателски избори.

Треба да знаете
Последни објави