Search

Премиерот Заев денеска ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата до Собранието

Премиерот Зоран Заев денеска ќе ги достави до Собранието имињата на министрите кои ќе бидат дел од новата реконструирана Влада, по што предлогот треба да биде усвоен на собраниска седница во текот на следната недела.

По реконструкција на Владата, премиерот Заев, најави дека ќе следуваат и промени во вториот и во третиот ешалон, со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Предлогот до Собранието првично требаше да биде доставен во петокот, но премиерот Заев го одложи за денеска, поради тоа што нашата земја, како што рече, е домаќин на Конституенцата на повеќе од 15 министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.

– Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата, изјави Заев, завчера одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на промените што се прават внатре во Социјалдемократскиот сојуз, Заев информираше дека останува да се именуваат потпретседателите на партијата и уште 20-тина претседатели на општинските организации на партијата. Изрази уверување дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани.

Треба да знаете
Последни објави