Search

Премиерот вртеше оро во Лозово

Премиерот вртеше оро во Лозово

Премиерот Зоран Заев денеска е во посета на Лозово. Премиерот вртеше оро, па се обрати на граѓаните.

– „Во општините, во населените места, во месните заедници, се одвива животот, секојдневниот живот на нашите граѓани. Затоа е многу важно да се фокусираме на локалните политики, на најпрактичните решенија кои ќе придонесат да им го направиме секојдневието на граѓаните од локалните средини поубаво и поквалитетно за живот. Да им овозможиме сѐ што е неопходно за пристојна живеачка, во средина која  ги исполнува сите нивни барања“, истакна премиерот Заев.

Тој потенцираше дека градоначалникот Ацо Велковски, со поддршка на Советот, успеа, покрај враќањето на долговите, со домаќинско и транспарентно работење, да ја стави општината на здрави нозе и финансиски. Општината Лозово веќе е не задолжена и  тоа ја става во кондиција финансиските средства што ги добива од граѓаните повторно да им се враќаат во проекти од интерес на сите жители на општината.

Треба да знаете
Последни објави