Search

Премиерката на Нов Зеланд: Сите сме згрозени од смртта на Џорџ Флојд

Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, изјави дека е ужасната од смртта на Џорџ Флојд, изразувајќи задоволство што граѓаните на нејзината земја изразија солидарност со демонстрантите во САД и во светот преку мирни протести.

Илјадници Новозеланѓани вчера учествуваа во мирни маршеви во знак на протест заедно со граѓаните на Соединетите Држави и државите ширум светот поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во моментот на неговото апсење.

Флојд почина минатата недела откако полицаецот му го притискал вратот со коленото речиси девет минути за време на апсењето, држејќи го закован на земја и покрај тоа што го молел дека нема воздух.

„Мислам дека сите сме згрозени од она што го видовме“, рече Ардерн во интервјуто за државната телевизија ТВНЗ.

Некои либерални поддржувачи ја гледаат Ардерн како целосна спротивност на Трамп бидејќи таа се залага за социјална правда, мултилатерализам и еднаквост.

Треба да знаете
Последни објави