Search

Премиерката на Нов Зеланд го прекрши правилото за да се фотографира со обожавателите

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, се најде под удар на јавноста откако го прекрши правилото за социјална дистанца за да се фотографира со обожавателите за време на кампањата.

Ардерн минатата недела беше на еден универзитет како дел од кампањата како лидер на Лабуристичката партија на претстојните избори.

Жителите на Нов Зеланд ќе излезат на гласање на 17 октомври, откако пандемијата на коронавирус ја принуди владата да ги одложи изборите за еден месец.

Сепак, за време на кампањата, премиерката го наруши социјалното растојание и се фотографираше со обожавателите, пренесува News.com.au.

Селфито вклучува најмалку 17 лица заедно со премиерката, а никој не носел маска.

Тековните ограничувања значат дека жителите на Нов Зеланд одржуваат растојание од два метра со цел да спречат ширење на коронавирусот.

Премиерката била опкружена со маса приврзаници заминувајќи од Универзитетот, а откако наводно побарала простор, се согласила да направи селфи со нив.

https://twitter.com/TheOrwellianNZ/status/1308151428687392768

Ардерн се извини за селфито, велејќи дека тоа било „погрешна работа“.

Како што рече, требало да ги замоли луѓето да се држат на растојание едни од други, но признава дека погрешила и дека и е жал поради тоа.

Треба да знаете
Последни објави