Search

Прелиминарн истрага на грчкото Обвинителство за ширењето на коронавирусот во дом за стари лица во Солун

За потврдените 36 позитивни случаи во дом за нега на стари лица во Солун, ќе се спроведе прелиминарна истрага во однос на тоа дали постои одговорност врз основа на конкретен член од Кривичниот законик за прекршување на мерките за спречување на ширењето на заразна болест, јави дописничката на МИА од Атина.

Домот за стари лица во Солун е седум дена во карантин, а најмалку седум лица се хоспитализирани.

Шефот на Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас вчера итно замина за Солун за одблиску да ја види ситуацијата, рече дека 33 случаи се кај лица згрижени во домот, а останатите три случаи се кај персоналот, додека пак вирусот го пренел еден од вработените.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, Циодрас објаснил дека лице од семејството на вработениот бил на концерт за време на одморот на Халкидики, таму се заразил со вирусот и го пренел на вработениот кој заразил уште 35 лица во домот.

Медиумите во Грција во текот на вчерашниот ден пишуваа дека на конкретниот концерт на Халкидики се заразиле голем број лица.

Треба да знаете
Последни објави