Search

Преку 87 000 анти-терористички операции изведени во Турција

Турски вооружени сили неутрализирале т.н. 100 терористи-старешини во 2018 година, соопшти министерството за внатрешни работи.

„Годинава изведовме 87 838 операции против ПКК. Неутрализиравме 1 289 терористи во операциите“, вели министерот Сулејман Сојлу.

Сојлу додава дека во последните две години земјата го зголемила бројот на анти-терористички операции во руралните средини за 173 отсто.

Групата ПКК, која е прогласена за терористичка организација од Турција, ЕУ и САД, веќе 30 години води терористичка кампања против Турција и е одговорна за смртта на повеќе од 40 000 лица, вклучувајќи жени и деца.

Покрај ова, Сојлу објасни дека против терористичката група ФЕТО се изведени преку 62 000 операции по неуспешниот пуч во 2016 година.

„Како резултат на овие операции 217 971 лице се приведени, додека пак 16 884 лица се осудени, а 14 750 лица се во притвор“, вели министерот.

Во истиот период, отпуштени се преку 43 500 поранешни вработени во министерството за внатрешни работи.

ФЕТО на чело со својот лидер Фетулах Ѓулен стојат зад неуспешниот пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а најмалку 2 200 беа повредени.

Анкара тврди дека ФЕТО исто така стои зад долгогодишната кампања што се инфилтрира во турските институции, особено во војската, полицијата и судот, со цел да го урниса државниот врв.

Треба да знаете
Последни објави