Search

Преку телефон упатени смртни закани до ЦИВИЛ

Преку фиксната телефонска линија на ЦИВИЛ, утринава во два наврати, од страна на непознато лице биле упатени смртни закани до членовите на Организацијата.

– Во своето анонимно јавување лицето што ја упати заканата, меѓу другото, рече: „Ќе видите вие кога јас ќе ви го уништам животот”. Идентификаторот на телефонскиот апарат на ЦИВИЛ го откри мобилниот телефонски број од кој се јави лицето што упати закани по животот на луѓето на ЦИВИЛ. Центарот го пријави случајот со вандализирање во полициската станица 1 (Беко), а телефонските закани ги пријави на телефонскиот број 192, а поднесе и соодветна пријава во полициска станица во текот на денот, наведоа од ЦИВИЛ.

Од Организацијата посочија дека не е првпат ЦИВИЛ да биде мета на жестоки напади со говор на омразата, со лажни вести и со закани по животот.

– На социјалните мрежи, но и на медиумите, функционери на политички партии, новинари, уредници, директори на јавни институции, па дури и еден генерал, сите блиски до структури со изразена десничарска идеологија, континуирано спроведуваат кампања со лажни вести и говор на омразата, а некои од нив повикуваат и на насилство и физичка елиминација на раководителот на ЦИВИЛ и на самата организација, истакнаа од ЦИВИЛ.

Од Организацијата нагласија дека институциите, како и организациите на граѓанското општество до сега не покажале интерес да ги опоменат, спречат или санкционираат овие напади кои траат подолго од една деценија.

Треба да знаете
Последни објави