Search

Преку плакар кој бил врата за друг стан Нинџа и бегал на полицијата

Преку плакар кој бил врата за друг стан Нинџа и бегал на полицијата

Aлександар Василевски – Нинџа, еден од главно обвинетите за крвавиот четврток на 27 април мината година, со месеци им бегаше на истражните органи. МВР распиша и меѓународна потерница по Нинџа, а тој пред 10-тина денови конечно сам се предаде.

Либертас, од извори во полицијата, дознава дека Нинџа по обвинението се засолнил во Бугарија.
Потоа илегално влегол во Македонија и во прво време се криел во викендици во околината на Скопје.
-Ние успевавме да го лоцираме преку неговиот телефон, но тој ги менуваше и затоа неговото приведување траеше подолго. Извесно време се криеше во стан во Скопје – велат нашите извори, но штом полицијата ќе влезеше да го приведе тој исчезнуваше.
Утврдивме дека еден од плакарите во станот е само маска преку која тој бегал во другиот стан со кој биле поврзани двата стана.
Откако сфатил дека обрачот околу него се стеснува Нинџа ги послушал советите дека е подобро сам да се предаде,што тој и го стори. Во келијата во која е во притвор, како што објавија медиумите, кај Нинџа при претрес биле најдени два мобилни телефони.
Александар Василевски-Нинџа од притвор ке се појавува на судските рочишта за крвавиот ќеврток . ОЈО го преквалификува обвинението од учесници во толпа во обвиненија за обиди за убиства.
Во обвинителниот акт за крвавиот четврток, Василевски е спомнат во делот за организирање на настаните од 27-ми април. Во обвинението стои:

-Откако од телефон, сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. НН лице од обезбедувањето на Никола Груевски, тогаш претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а кои се наоѓале во Виена, Австрија, во 14.30 часот контактирал со обвинетиот Александар Василевски Нинџа, сега недостапен на органите на прогонот, кој потоа заедно со обвинетиот Никола Митревски Кољо, телефонски ги конрактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, сега недостапен на органите на прогон, го мобилизирале членството од Скопје и други градови, за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили.

Кривичниот суд денеска треба да одлучи дали обвинението за тероризам за 27 април ќе ги помине филтрите и на 30 – те обвинети ќе им се суди за тероризам и загрозување на уставниот поредок.

Извор: Либертас

Треба да знаете
Последни објави