Search

Преку Мицкоски зборува Груевски, нов обид за блокада на реформите на успехот

Од симболот на криминалот и корупцијата, од белиот дворец, преку Христијан Мицкоски се јави гласот на Никола Груевски, вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, реагира пратеникот и портпрол на СДСМ, Костадин Костадинов на прес конференцијата на лидерот на опозицијата.

-Денешната прес конференција не беше ништо друго освен одбрана на криминалот на режимот и нов обид за блокада на реформите, закочување на напредокот и успехот на државата. Криминални октоподи и заштита на криминалот на фамилијата се единствена одлика, константа на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Фрустрираниот Христијан Мицкоски ќе можеше да си дозволи, да му биде полна устата со правда само доколку го осудеше се она што го правеше тој и  врвот на неговата ВМРО-ДПМНЕ, рече Костадинов.

Според него, можеби ќе можеше Христијан Мицкоски да ги погледне граѓаните во очи само доколку јавно побараше расчистување на криминалот на режимот и доколку повикаше одговорност на неговите, од ВМРО-ДПМНЕ, за кои има бројни судски постапки.

-Правда, почитување на законите и влдеењето на правото се одлика на оваа Влада предводена од СДСМ исекако, правда ќе има. Актуелниот случај покренат од обвинителството е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.  Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.Сите се еднакви пред законите. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес и на граѓаните и државата. Денеска Христијан Мицкоски неуспешно се обиде да побара алиби за своето антидржавно однесување, спротивно од интересите на граѓаните и државата.

Не го интересираат ниту реформите, ниту напредокот на државата, единствената работа која што е од интерес на Христијан Мицкоски е заштита и одбрана на криминалот на Никола Груевски.Со своето антидржавно однесување, Мицкоски очајно се обидува да го загрози заокружувањето на процесот на реформите, директно врзани и со почеток на преговорите со ЕУ. Христијан Мицкоски не сака да има попис. Старото, криминално крило на ВМРО-ДПМНЕ не сака земјава да се развива. Ова крило на ВМРО-ДПМНЕ сака земјата да остане во изолација, 18 години да биде без попис на населението. На очајниот Мицкоски му упатуваме јасна и недвосмислена порака: неговите блокади и деструкции нема да успеат. Напредокот на државата ќе продолжи, со него или без него.СДСМ ќе направи се, правдата ќе биде задоволена, Република Северна Македонија ќе успее.

 

Треба да знаете
Последни објави