Search

Прекинато гласање на избирачко место во Бутел, фотографирано гласачко ливче

Помал инцидент се случил попладнево на гласачко место во Бутел, дознава 24 Инфо.

Според неофицијални информации, гласач на изборно место 2909 во ОУ„Живко Брајковски“ го фотографирал гласачкото ливче, по што било прекинато гласањето.

Гласачот бил приведен.

На сниманото ливче бил заокружен кандидатот на ДУИ.

Според Кривичниот законик, казната за вакви и слични дела поврзани со изборниот процес се со затворски казни до три години.

 

Треба да знаете
Последни објави