Search

Прекинато водоснабдување на неколку скопски улици

Поради дефект ф-80мм на крстосницата булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ /9-ти Мај, прекинато водоснабдување ќе имаат корисници во дел од центарот на Скопје.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, без вода ќе бидат корисниците од дел од булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, „Костурски Херои, „Христо Смирненски“, „Петар Поп Арсов“, „Васил Стефановски“ и „Роза Луксембург“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот до санација на дефектот.

Треба да знаете
Последни објави