Search

Прекината неверојатната низа на Ачерби: За прв пат ќе пропушти натпревар по повеќе од три години

Легендарниот 30-годишен играч од одбраната, Франко Ачерби ќе пропушти прилика да ја продолжи легендарната низа од 148 натпревари по ред во Серија А.

Фудбалерот на Лацио заработи два жолти картони и беше исклучен на вчерашниот натпревар против Наполи кој неговиот тим го загуби со 2:1.

Ачерби пропушти прилика да го собори рекордот на легендарниот капитен на Интер, Хавиер Занети кој зад своето име запиша вкупно 162 натпревари со ред во дресот на „Нероазурите“.

Успехот на Франко Ачерби е уште поголем ако се знае дека тој два пати го победи ракот во 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави