Search

Презентирани активностите а управување со Охридскиот регион

Министерот за култура Асаф Адеми и претседателот на Комисијата за управување со Охридскиот регион, Зоран Павлов денеска на седница на собраниската Комисија за култура ги презентирани активностите околу управувањето со овој регион и состојбите со природното и културното наследство.

Тие реферираа за реализираните и тековните активности во врска со Одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за состојбата со заштита на светското наследство – Природно и културно наследство на Охридскиот регион, усвоена на 41-та сесија на Комитетот за светско наследство која се одржа во Краков, Полска, 2017 година.

Адеми и Павлов се заблагодарија на членовите на Комисијата за култура како и на групата пратеници и граѓански организации за поддршката која ја искажаа преку формирањето на неформалната група Пријатели на Охридскиот регион, група која се залага за Охридскиот регион во Собранието и во јавноста, како и за сериозната контрибуција која ја даде македонското Собрание со организирањето на надзорна расправа за состојбата со доброто.

Во извештајот стои дека интензивно се работело на Ревизија, односно подготовка на нов Закон за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, Ревизија на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и Стратегиска оцена за влијанието на животната средина за План за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2018-2027).

Нацрт Законот е на јавна расправа која ќе трае до 27 јануари 2019 година, а Стратешка оценка е во завршна фаза. Во прилог на ова, изработен е План за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид, а ќе следи и изработка на нова Стратегија за развој на туризмот која ќе ги задоволи бараните критериуми.

Изготвено е номинациското досие за проширување на територијата на Охридскиот регион на Листата на УНЕСКО и на албанска страна.

Ажурираниот извештај за активностите на Министерството за култура и на Националната комисија на УНЕСКО за Охридскиот регион ќе биде изготвен до 1 февруари 2019 година, а ќе биде претставен и на 43-та Сесијата на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во 2019 година на која ќе се разгледува статусот на Охридскиот регион.

Треба да знаете
Последни објави