Search

Презентација на Националната студија за безбедност и здравје при работа

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) денеска на Машинскиот факултет во Скопје ќе ја промовира Националната студија за безбедност и здравје при работа.

Студијата за безбедност и здравје при работа за Македонија е изработена во рамките на регионалната платформа за заштита при работа „BALcanOSH.net”. Покрај за нашата земја, национални студии за безбедност и здравје при работа ќе бидат презентирани и за Албанија, Црна Гора, Косово и Србија. Студиите се изработени во рамките на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државни институции” кој е финансиран од страна на Европската Унија.

Како што информираат од МЗЗПР,  студијата прави анализа на националното законодавство за БЗР и степенот на неговата усогласеност со ЕУ легислативата, истовремено обидувајќи се на единствен начин да ја портретира безбедноста и здравјето преку конкретни основи кои произлегуваат од рамковната Директива за безбедност и здравје при работа 89/391, транспонирани во националниот Закон за БЗР, како и подзаконските акти.

Треба да знаете
Последни објави