Search

Презентација на дополнителни докази за настаните од „27 април”

Со презентација на дополнителни докази од вештачењето на мобилните телефони на обвинетите Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски… во Кривичниот суд почна рочиштето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на РМ.

Во СМС порака до, заведен како Крсте секретар на 5* од 27 април во 18:51 часот Арнаудов пишува „организирајте колку можете повеќе луѓе и тргајте во Скопје со коли”.

Во група на вибер порака од мобилниот на Јохан Тарчуловски, обвинителката Ивана Трајчева рече дека Јохан бил известуван од некој кој бил заведен како Патале дека од Љубанци секој ден биле испраќани луѓе на протестите.

Во порака од Мурџо пишувало дека „само 20 луѓе имало и се едни та исти”.

На 26 април вечерта Патале му пишал на Јохан дека на 27 треба да дојдат сите, а ако не дојдат да не бараат после нешто. Во пораката пишува дека треба да се мобилизираат сите љубанчани да присуствуваат на 60-тиот ден од „За заедничка Македонија”.

На 27 април биле повикани 100 луѓе од Љубанци да присуствуваат пред Собранието.

Во порака од некој Манто од вечерта на 27 април, пишува „малку му е мамето зајачарско”.

Во вибер комуникација во група наречена „Пратеници” има порака од Влатко Ѓорчев, Стеванаџија….., како комуницираат и се брифираат кои пратенички групи се во Собранието.

Ѓорчев ги информира дека сите пратеници на СДСМ се присутни.

Во една порака од пратеникот Сашо Василевски пишува дека нешто се подготвува и дека мора да бидат внимателни.

Во друга порака пак дека комуњарите подготвуваа насилно преземање на Собранието.

Стеванаџија му пишува на Сашо Василевски „да носи кравата поголема, а претходно да вежба за да ја фрла како ласо”.

Милошоски пратил порака во група на 27 април дека според некоја логика СДСМ да изберат претседател пред празниците.

Во вибер групата на пратениците од мобилниот на Јохан, Илија Димовски пишува „седете сите во сала”, друг пишува „горе се пука”, потоа прашуваат кога да излезат.

Во друга порака од 24 април вечерта пратениците ги известува некој „комуњарите идат накај Скопје”, друг пишува дека ситуацијата излегла од контрола и дека треба да се превземе нешто. Василевски прашува во група „а Иванов”?

Во групата има порака од лице кое не е меморирано, а пратило порака на руски јазик од портал Железник, во истата група на руски им праќа порака „Кремељ подржава вонеедњи у Македонии”.

Тарчуловски препраќа порака во групата „три групи паравоиски на ДПМНЕ биле во Собрание, планот за ликвидација не им успеа”.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Треба да знаете
Последни објави