Search

Преземаме конкретни мерки, заштитуваме 250.000 работни места, помагаме на над 35.000 компании, заеднички ќе ги надминеме последиците од коронавирусот

Заштита на здравјето на граѓаните и ублажување на ударот врз економијата се наши приоротети во овие тешки времиња, кога  се соочуваме со пандемијата со коронавирусот.
Преку конкретни мерки го штитиме здравјето на граѓаните, но и спроведуваме
и низа мерки за ублажување на ударот врз економијата.
Владата го усвои вториот голем економски пакет, вреден 200 милиони евра, што овозможува директна помош за сите кои се погодени од кризата – за работниците, за стопанството, за малите и средни претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија.
Со овие мерки, во овие тешки времиња, ќе сочуваме најмалку 250.000 работни места и ќе им помогнеме на над 35.000 компании полесно да ја пребродат оваа здравствена и економска криза.
Преземаме суштински, ефикасни мерки и се грижиме за сите граѓани.
Ги кратиме сите непродуктивни трошоци, а во духот на солидарноста сите функционери на државно и на локално ниво во наредните два месеца ќе примаат минимална нето плата од 14.500 денари.
Претседателите и членовите на управни и надзорни одбори на јавни институции, како и претседателите и членовите на Советите во општините, а кои се вработени, нема да примаат надомест за времетраење на кризата.
Во изминатите две и пол години, многу пати покажавме и докажавме дека знаеме и можеме да се справиме со сериозни предизвици, да носиме храбри одлуки за подобра иднина, за остварување на децениските цели-  членство во НАТО и отпочнување на преговори за членство со Европската унија, со што обезбедивме просперитетна иднина за граѓаните и државата!
Тоа ќе го докажеме и сега. Заедно, сплотени, со конкретни мерки ќе се справиме и со оваа тешка здравствена и економска криза.

 

Треба да знаете
Последни објави