Search

Преживеан од „Батаклан“ кој се самоуби признат како 131 жртва во нападот

Гијом Валет, кој го преживеа нападот во „Батаклан“ во 2015 година, но се самоуби две години подоцна, е официјално признат како 131 жртва на нападите, пренесува „Ле Паризиен“.

Иако не беше физички повреден за време на терористичкиот напад во ноември 2015 година, Гијом Валет доби тешко посттрауматско растројство, што се влоши до тој степен што во 2017 година се самоуби со бесење.

По неговото самоубиство, родителите на Валет извршија притисок тој да биде признат како жртва на нападот, а нивниот адвокат доведе експерт кој сведочеше дека 30-годишникот немал психички проблеми пред нападот.

Психијатарот д-р Кетрин Вонг сведочеше пред судот во врска со случајот велејќи:

„Може да се утврди дека траумата од 13/11/2015 била причина за состојбата на пост-трауматски стрес кај Гијом Валет, искомплицирана од голема депресивна епизода и дека самоубиството било компликација на ова голема депресивна епизода. Затоа, самоубиството на Валета Гијом е крајна последица на нападот. ”

Сведочењето ги убедило судиите да го признаат Валет како директна жртва на нападите, а Клер Жозеран Шмит, адвокат од Француската асоцијација на жртви на тероризам (АФВТ), ја нарече првичната пресуда огромен чекор напред.

„Приказната за Гијом мора да ги алармира властите за потребната придружба на жртвите на нападите со текот на времето”, додаде таа и рече дека менталните повреди треба да се препознаат на ист начин како што и телесните повреди.

Минатата година, жртвите на Батаклен добија 85 милиони евра компензација, која во голема мера беше собрана од мала такса на договорите за осигурување имот.

Треба да знаете
Последни објави