Search

Пред три години Модриќ ја крена „Златната топка“, а сега не доби ниту еден глас

Хрватскиот фудбалски интеранционалец од редовите на Реал Мадрид, Лука Модриќ пред три години ја освои „Златната топка“ а во годинашниот избор доживеа вистински дебакл не освојувајќи ниту еден глас !

Модриќ пред три години со Хрватска го освои сребрениот медал на Светското првенство во Русија, а имаше и забележителни резултати и со Реал Мадрид.

Годонава Модриќ беше во конкуренција на 30 играчи кои беа во игра за „Златната топка“ и заврши на последното место. Франс Фудбал по церемонијата го објави генералниот пласман и откри колку гласови добиле играчите во овогодинешниот избор за најдобар играч на светот.

Она што многумина ги изненади е тоа што двајца играчи воопшто не добија гласови, а тоа беа Модриќ и Цезар Аспиликуета.

Меси беше прв со 613 гласови, следен од Левандовски со 580. Жоргињо беше трет со 460 гласови, следен од Бензема 239, Канте 186, Роналдо 178, Салах 121, Де Бруин 73, Мбапе 58, Донарума 36, Халанд 33, Лукаку 26, Киелини 26, Бонучи 18, Стерлинг 10, Нејмар 9, Суарез 8, Кјаер 8, Монт 7, Марез 7, Бруно Фернандес 6, Лаутаро Мартинез 6, Кејн 4, Педри 3, Фил 3 Фоден 2, Барела 1, Рубен Диас 1, Жерар Морено 1, Аспиликуета 0 и Модриќ 0.

Треба да знаете
Последни објави