Search

Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржа протест

Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржа протест

Пред Собранието на Македонија и вечерва се одржа протест против договорот за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.

Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, и на високи меѓународни претставници.

За утре попладне, пак, се најавени протести во Битола против договорот за името. Зад најавениот протест стои опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која реши, наместо да го слави роденденот на партијата, да излезе на улица, во знак на несогласување со постигнатиот договор за името.

Треба да знаете
Последни објави