Search

Пред повеќе основни училишта во Кисела Вода поставени се платоа за успорување на сообраќајот

Јавното претпријатие „Улици и патишта” во соработка со Општина Кисела Вода, на главните сообраќајници пред општинските основни училишта „Св. Климент Охридски”, „Кузман Јосифовски-Питу” и пред градинката „Сончоглед” постави платоа за успорување на сообраќајот.

Поставените платоа пред главните влезови на училиштата имаат за цел да ја зголемат безбедноста на учениците кои секојдневно ги преминуваат прометните улици. Во перидот што следува активностите за поставување платоа ќе продолжат.

Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје ќе продолжи да работи во насока за подигнување на безбедноста на улиците, како за учениците така и за сите учесници во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави