Search

Пред одложување е мечот меѓу Пик Сегед и Вардар

Откако беше одложен мечот меѓу Вардар и Елверум во Лигата на шампионите, пред одложување е и дуелот со унгарски ПИК Сегед кој македонскиот тим треба да го играат на 1. октомври на гостински терен.

Целиот тим на ПИК Сегед е во карантин поради нов позитивен случај на Ковид-19 по натпреварот со Киелце.

Унгарците имаа шест позитивни ракометари на коронавирусот пред мечот со Киелце, но и по тој меч на најновите тестирање утврдени се нови позитивни случаи по што целиот тим е во изолација, се до новите тестирања на сите ракометари.
Од ПИК Сегед веќе ги информираа Вардар и ЕХФ за најновата ситуација, поради што запрена е и продажбата на билетите за 1. октомври, поради што неизвесно е играњро и на овој натпревар.

Треба да знаете
Последни објави