Search

Пред да почине била во Македонија: Исидора Бјелица вака ги поминувала последните денови

Писателката Исидора Бјелица почина на 52 години.

Последните два месеци, Исидора ги поминала во станот на нејзините родители. Во тој стан се доселиле по војната во Сараево.

„Секој ден седеше на клупата пред зградата, соседите ја поздравуваа, но не ја прашуваа за нејзината здравствена состојба“, вели пријател на семејството.

Пред неколку дена замина во Македонија на клиниката каде се лекуваше последните години.

„Вчера се врати од Македонија и беше сместена во болницата „Свети Сава“ каде што и почина“, вели соговорникот за ало.рс

Бјелица ќе остане запаметена по следните книги: „Сама“, „Спас“, „Мирисот на небето“, „Помагајте пријателки“.

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави