Search

Предупредување на познатиот научник: Луѓето би требало да ја напуштат Земјата или ќе изумрат како диносаурусите

Предупредување на познатиот научник: Луѓето би требало да ја напуштат Земјата или ќе изумрат како диносаурусите

Луѓето би требало да ја напуштат Земјата или ќе изумрат како диносаурусите, смета професорот на њујоршкиот Сити колеџ, светски познат физичар, футурист и космолог Мичио Каку.
Д-р Каку предупредува дека човештвото ќе се соочи со изумирање доколку не колонизира друга планета.
“Неизбежно е дека еден ден ќе нè погоди уште еден метеор од вселената и поради тоа нѝ е потребен резервен план”, смета професорот.
До 2030 година луѓето ќе имаат населби на Марс, смета тој, и додава дека во релативно скоро време би можеле да ги гледаме нашите внуци како одат на Марс на меден месец.
“Цените драстично паѓаат, па затоа новите идеи ќе станат сè поприфатливи. Дури и милијардерите од Силициумската долина сè повеќе се вклучуваат во играта. Тие вложуваат пари во вселенски бродови за лет на Месечината”, истакнал научникот.
Мичио Каку, кој уште како мал во гаражата на својот татко го составил својот прв акцелератор на честички за еден училишен проект, стана една од најпрепознатливите фигури на современата наука.
Треба да знаете
Последни објави