Search

Предупредување за целосен колапс на албанскиот здравствен систем

Со овие бројки на новозаразени и починати лица од Ковид-19 за неколку дена здравствениот систем во Албанија ќе доживее колапс, предупреди експертот од јавното здравство, Ерион Дашо.

-Животот во Албанија продолжува како ништо да не се случува. Официјалните изјави дека „се е под контрола” создаваат лажна сигурност, што е дополнителен бензин на огнот на епидемијата затоа што „ако се е под контрола, зошто граѓаните да бидат внимателни?? !! Министерката за здравство објавува статуси со баби и дедовци кои добиваат вид благодарение на леќата што се купува за десетици евра и ги заборава другите баби и дедовци за кои членовите на семејството трошат илјадници евра на лекови и кислород. Во меѓувреме, ноември е вече застрашувачки месец, предупредува докторот.

Според него „со просечен број на случаи од над 400 дневно (поточно во просек 416) овој месец, предизвикано е бран на брзо полнење на болнички кревети.

– Дневниот просек на пријавени смртни случаи достигна 6,3 или 60 отсто повеќе од просекот во октомври. Ако трендот продолжи, за неколку дена постои опасност од целосен колапс на здравствениот систем. Дали некој размислува да делува?! Дали имаме држава?!, стои во објавата на докторот на Фејсбук.

Ова е последно предупредување, по она на доктор Илир Алкја, кој непосредно е ангажиран во лекувањето на заразени со Ковид-19. Тој побара под итно да се преземат потребните активности за обезбедување болнички кревети, бидејќи поради преполнетите капацитети болните добиваат услуга во амбулантни возила, додека,како што вели не оздраве или почине некој од хоспитализраните пациенти за да се ослободи кревет.

И медиумите во континуитет вчера и денес јавуваат за преполнети болнички капацитети во трите ковид болници и емитуваат видео снимки како амбуланти возила се паркирани пред болниците, а во нив помош им се дава на заразени пациенти кои се во тешка состојба.

Реакција околу оваа состојба од ресорното министерство засега нема.

Треба да знаете
Последни објави