Search

Предновогодишна треска во Кина

Како што се приближува Лунарната Нова Година, Кинезите итаат кон железничките станици и аеродроми, во најголемата годишна миграција на луѓе во светот, за да пристигнат во своите родни краишта со цел да го прослават празникот со семејството.

Според Министерството за транспорт, околу три милијарди патувања ќе бидат остварени за време на треска по повод Пролетниот фестивал.

Годинава празничната треска започна на 10 јануари, а се очекува да трае до 18 февруари, иако кинеската нова година се дочекува на 25 јануари.

Оваа традиција е можност за семејни собири и обилна гозба, пренесува агенцијата АП.

За луѓето кои работат во големите градови, далеку од своите домови, ова е можеби единствената прилика во годината да се видат со своите роднини.

Оваа година властите ќе преземат дополнителни мерки на претпазливост поради епидемијата на вирусна пневмонија што ја зафати централна Кина.

Во градот Вухан, кај 41 лице беше дијагностициран нов вид на вирус, а дваjца пациенти починаа.

Треба да знаете
Последни објави