Search

Предметот „Насилство во Центар“ одложено, Јанакиевски на две судења истовремено

Повторно е одложено судењето судското рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“, на СЈО.

Судијата Душан Јосифовски, кој го води овој предмет, и судијата на предметот ТНТ Огнен Ставрев, ги закажале двете рочишта во ист термин.

Причина за одложување е што обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, морал истовремено да присуствува на рочиштето за ТНТ.

Обвинетиот Александар Трајковски кој беше во посета на избеганиот обвинет и осуден Никола Груевски во Будимпешта, на почетокот на денешното рочиште на судот му покажа фотографии од Вибер што му ги испратил обвинетиот Игор Бошковски од сообраќајка што наводно ја имал во Србија. По ова судот треба да ја провери веродостојноста на фотографиите.

Следното рочиште е закажано за 5 јуни.

Треба да знаете
Последни објави