Search

Предлог иницијатива за изградба на проект „Музеј на езерото“

Согласно определбата и заложбите на ВМРО- Народна партија од Охрид за одржлив економски развој на Општина Охрид и нашите најави за реализација на овај проект наназад, ВМРО- Народна партија поднесува иницијатива за изградба на Музеј на езерото, соопшти партијата.

Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство од флора и фауна поседува Охридското Езеро.

„Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и исто така ќе претставува нова туристичка понуда.Овај проект е самоодржлив и ќе биде прв од ваков вид во регионот.Како локација ги предложувамедел од катастарските парцели 5642/4 и 5646/2“, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави