Search

Предвремени нема, метла има: Осум министри и 20 директори ќе бидат сменети, најави Заев

Осум министри и 20 директори од Владата е бидат сменети, најави премиерот Зоран Заев на денешната седница на ЦО на СДСМ во Охрид, дознава 24 Инфо. Заев пред седницата најави некои изненадувања, но нема назнаки кои министри ќе бидат сменети. Од порано е познато е дека новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски нема повеќе да биде министер за земјоделие.

Претходно беше избран нов Извршен одбор, кој ќе биде намален во однос на претходниот и ќе брои 16 членови, дел нови, дел од претходниот состав.

Одборот избра и нов организационен секретар, директорот на ЈП„Водовод и канализација“ Скопје, Душко Весковски, професорот Дане Талевски е избран за секретар за меѓународна соработка, а Мартин Попов, пак, е именуван за директор на Центарот за истражување и анлиза на СДСМ.

На дневен ред се предлог одлуката за именување и дополнување на Правилникот и роковникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членовите на органите и носителите на функции во ОО на СДСМ, како и Предлог-одлуката за основање на ОО на СДСМ Арачиново. ОО на Боговиње и ОО на Липково.

Премиерот исто така истакна дека ова е реконструкција на Владата, а не одлука за предвремени парламентарни избори. Продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од дебатата во рамки на деветтата седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид.

Тој додаде дека доколку пролонгирањето на извештајот и самиот датум за преговори е заради констелацијата поради изборите за Европарламентот и доколку тоа е причината за пролонгирањето за одлуката за датум за преговори, важно е конечно да биде донесена одлуката, па нека биде и во октомври.

Треба да знаете
Последни објави