Search

Преговорите за Законот за ЈО завршија пред да почнат

Преговрите за Законот за јавно обвинителство меѓу тимовите на владеачката СДСМ и опозициската партија ВМРО ДПМНЕ завршија пред да почната, иако тоа го соопштија по триесетина минути откакао седнаа на масата едни наспроти други. За последните предлози за Законот не се ни разговарало, бидејќи како што изјавија се суштинските разлики во толкување на заклучоците од лидерската средба. По ова неуспешна рунда неопходни се нови внатрепартиски консултации.

Очекувањата за договор денеска беа мали и пред почетокот на средбата. Министерката за правда, Рената Дескоска пред почетокот рече дека не е оптимисти имајќи предвид со кого преговара, а ненадминати остануваат и клучните разлики околу истрагите на Специјалното обвинителство.

Преговарачот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели одговорноста за неуспехот е кај власта. Договор е можен, вели Милошоски, само доколку опозицијата добие улога при изборот на кадри за раководните позиции во обвинителството.

Инаку, претседателот Стево Пендаровски вели дека власта и опозицијата се блиску до договор. Според шефот на државата, остануваат две до три точки кои треба да се надминат, но неопходно е политичка волја.

Последниот предлог кој што е на преговарачката маса е од опозицијата која бараа таа да го предложи новиот шеф на обвинителството за организиран криминал.

Треба да знаете
Последни објави